Image: 2kg packaging

Вреќичка мраз од 2kg

Паковањето од 2kg е наменето за секојдневна употреба во домаќинствата и при секаков вид на домашни прослави и свечености .


Image: 4kg packaging

Вреќичка мраз од 4kg

Паковањето од 4kg е наменето за кафулиња, пицерии, ресторани и друг вид на угостителски објекти кои редовно трошат поголеми количини на мраз.


Image: jumbo packaging

Џамбо паковање 10kg + 1kg гратис

Џамбо паковањето е наменето за угостителски објекти кои се многу големи потрошувачи на мраз како и за оние кои сакаат да ладат поголемо количество на пијалоци во садови полни со мраз.


Image: grounded ice

Мелен мраз за коктели

Мелениот мраз е наменет за правење на коктели и за нивна декорација


Image: ice with fruit

Овошен мраз

Овошниот мраз се всушност коцки мраз кои внатре содржат парче свежо овошје (лимон, портокал, јагода, киви и др.) Овој тип на мраз го изработуваме по нарачка чисто од вода и свежо овошје без никакви екстракти , прехранбени бои и сл. Погоден е за декорација на секаков вид на алкохолни и безалкохолни пијалоци


Image: A lot of ice

Ако се осврнеме назад кон минатото ќе видиме дека иако порано немало можност да се произведе мраз по вештачки пат луѓето не се откажувале од неговата употреба. Во Битола мраз се носело од познатите глечери во с. Ореово. Мештаните кршеле санти мраз од глечерите и натоварен на коњи и во буриња го носеле да го продаваат во градот. Топењето на мразот го спречувале користејќи го папратот како изолатор.

Мразот покрај во домаќинствата се користел и во разни занаетчиски дејности. И нашите претци „Браќата ПЕШКА“ кои биле сопственици на една од првите слаткарници на Балканот го користеле мразот за ладење на сладоледот и за разладување на пијалоците.

Од тука произлезе и идејата за започнување со производство и дистрибуција на мраз.

Започнавме со производство во Август 2001 год. Во почетокот мразот го призведувавме во домашни услови и во минимални количини. Со текот на времето побарувачката од страна на нашите коминтенти постојано растеше што резултираше со постојано зголемување на производството на мраз.

Со професионален однос и посветеност на работата го зголемивме призводствениот погон оформувајќи работинлница за професионално производство на мраз по сите стандарди и квалитети.

Коктел
Овошен мраз
Мраз
Срциња
Мраз
Лимон во коцка мраз
-20
Мраз
Кршен мраз
Овошен мраз
Порта џез
Лепеза на производи
Наши пријатели

Процесот на производство се одвива со претходно микробиолошки и хемиски испитана вода.

Одобрение за производство на храна

Водата од водоводната инсталација најпрво поминува низ магнетен филтер кој спречува метали да навлезат во процесот. Потоа водата поминува низ мрежен филтер кој спречува навлегување на песок и бигор во процесот. Така исфилтрирана, водата влегува во софистицирана машина која ја замрзнува до температура од -25 oC формирајќи уникатни форми на мраз со тежина од по 28g.

Потврда за исправност на прехрамбен производ

Готовиот производ се складира во термички изолирани резервоари комплетно изработени од прохром во кои се исцедува. Така оформениот мраз потоа се „суши“ на температура од -20 oC, од исушениот мраз се селектираат скршениците и се пакува во специјална фолија издржлива на ниски температури.

Сертификат за амбалажата

Целокупниот процес на производство се изведува по нормите кои ги пропишува HACCP системот кој во целост го имаме имплементирано од почетокот на 2009 година .

Потврда за имплементиран HACCP систем

Адреса

Ул. Стево Патако бр.27
7000 Битола

Телефон

Фиксен: 047 612 051

Мобилен: 070 543778

E-mail

peshkaice@yahoo.com